Почнува изградбата на нов парк во Аеродром
Во близина на трговскиот центар „Лиса“, до крајот на месецот треба да отпочне изградбата на новиот парк со најсовремен изглед и содржини за сите генерации.

Аеродром е прва општина која избриша маркички за изградба на згради, а на тоа место наскоро започнува изградбата на нов, модерен парк на површина од 5.700 квадратни метри, соопштуваат од општината.
Во близина на трговскиот центар „Лиса“, до крајот на месецот треба да отпочне изградбата на новиот парк со најсовремен изглед и содржини за сите генерации. Тој е финансиран со средства од буџетот на Општина Аеродром, во партнерство со општествено одговорни компании кои се грижат за животната средина.
Аеродром и аеродромци добиваат уште еден зелен проект со кој сите ќе бидеме горди, парк кој е уште еден важен проект во унапредувањето на урбаното живеење и давањето придонес за чиста и здрава животна средина- стои во соопштението.
