Од стан во Скопје украдени девизи и златен накит
06.05.2014 12:20
Станот на 42-годишниот скопјанец М.Р. лоциран на улицата „Лука Геров“ вчера бил ограбен од непознат сторител.

Крадецот со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба од каде одзел 3.000 евра, 1.000 американски долари, 600 швајцарски франци и златен накит.
Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена, а од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за откривање на сторителот.
