Вучиќ и Курти на следна рунда разговори во Охрид
„Да не заборавиме дека во 1999 година во Куманово беше потпишана капитулацијата на милошевичка Југославија и влезот на силите на НАТО“, изјави Курти. За разлика од него, српскиот претседател Вучиќ не дава значење за изборот на локацијата...

Охрид на 18-ти март ќе биде домаќин на следната рунда разговори Вучиќ-Курти и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Борел.
За македонската влада европскиот предлог за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина е важен за иднината и стабилноста на регионот. За Курти, изборот за земја-домаќин е симболичен, „Да не заборавиме дека во 1999 година во Куманово беше потпишана капитулацијата на милошевичка Југославија и влезот на силите на НАТО“, изјави Курти. За разлика од него, српскиот претседател Вучиќ не дава значење за изборот на локацијата.
„Борел оди во Северна Македонија, па вели – да дојдеме таму“, рече Вучиќ во интервју за РТС.
