Скопје

Решавање на проблемот со издавање на жолти регистарски таблички, бараат такси - превозниците

02.03.2023 12:41

Претставниците на 18 такси-превозници реагираат до надлежните институции да се реши проблемот со издавањето жолти регистарски таблички...

Претставниците на 18 такси-превозници во Скопје кои обединуваат 80 насто од таксистите реагираат до надлежните институции да се реши проблемот со издавањето жолти регистарски таблички. Велат дека при промена на старото возило со ново во станиците за технички преглед не им издаваат таблички, зашто немале извод од лиценца.

Според нив, проблемот е што и градските власти не им издаваат нова лиценца доколку не поседуваат нови жолти таблички. Бараат од Министерството за економија да го стави во мирување законот за патен сообраќај, зашто во практика не е применлив.