Четири лица претепани од поголема група во Штип

06.05.2014 12:23

Четири лица меѓу кои и малолетник се нападнати и претепани со метални и дрвени предемети во Штип, информараат од Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил вчера попладнето во дворот од куќата сопственост на Ѓ.Д.(19), каде се наоѓале лицата М.Д.(17), М.М.(39) и М.Ј.(35).

Пристигнале неколку патнички возила од кои излегле поголема група лица кои физички ги нападнале со дрвени и метални предмети удирајќи ги по телата и главите, при што им нанеле повреди.

На повредените им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Штип каде им се констатирани телесни повреди и се пуштени на домашно лекување.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.