Рафтовите за леб во Прилеп втор ден се празни
Прилепските пекарници остануваат на ставот дека им е неисплатливо да дистрибуираат леб по 33 денари. Може да го продаваат во своите продавници, ама не е решение. Реагираат производителите на пченица и граѓаните...

Леб по 33 денари само во нивните продавници, без дистрибуција во маркетите и надвор од градот. Ваков е моменталниот став на прилепските пекарници. Остануваат на ставот дека им е неисплатливо да дистрибуираат по замрзнатата цена. Ситуацијата ја оценуваат како статус кво.
За производителите на пченица, нема оправдување состојбата со основниот прехранбен продукт да се решава преку „грбот“ на граѓаните. За нив факт е – со 33 денари не се со загуби производителите на леб, иако ќе имаат помал профит.
За граѓаните остана несфатливо втор ден да нема леб на рафтовите.
Прилепчани се снаоѓаат да дојдат до леб – ако најдат кај пекарниците по 33 денари, или да ги усовршат вештините на домашно печен леб.
Елизабета Митреска
