Состојбата на двајцата повредени патници во сообраќајката кај Битола сеуште критична
06.05.2014 12:57
Сеуште е критична состојбата на двајцата патници кои беа тешко повредени во сообраќајката на патот Битола- Прилеп.

Лекарите на интензивна нега во битолската Клиничка болница се борат за животот на едниот од нив кој со тешки скрешеници и во состојба на шок беше примен на одделението.
Во несреќата по судирот на автомобилите Фиат и Голф загинаа пет лица.
