Конзуларни консултации меѓу Македонија и Бугарија во Софија
На 1 март 2023 година, во Софија се одржаа конзуларни консултации меѓу Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија на ниво директори за конзуларни работи. Посебно внимание беше посветено на начините за подобрување на меѓусебната комуникација во врска со измените на законодавството за влез и престој на територијата на секоја од земјите...

На 1 март 2023 година, во Софија се одржаа конзуларни консултации меѓу Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија на ниво директори за конзуларни работи. На консултациите беа разгледани повеќе прашања од конзуларната област, а кои директно ги засегаат граѓаните на двете држави.
Посебно внимание беше посветено на начините за подобрување на меѓусебната комуникација во врска со измените на законодавството за влез и престој на територијата на секоја од земјите и неговата примена, заемното информирање за задржани граѓани, соработка при конзуларни случаи, особено кога е потребна помош како на пример лекување или репатријација, начинот и постапката за издавање на документи од матичните книги, воспоставување на точка за директна комуникација во итни случаи и други прашања од областа. Обете страни изразија задоволство од досегашната соработка во конзуларните работи, споделија информации за предизвиците со кои се соочуваат и разменија предлози за унапредување на соработката.
Инаку, конзуларната соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија се одвива врз основа на конзуларната конвенција склучена меѓу двете држави во 1999 година. Конзуларни консултации се реализираа на иницијатива на Министерството за надворешни работи на Северна Македонија и се први од таков вид во изминатава декада, стои во соопштението од МНР.
