Проекција на „Кајмак“ на Меѓународниот филмски фестивал Фантаспорто во Португалија
Филмот „Кајмак“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски денеска ќе има европска фестивалска премиера на 43. издание на Меѓународниот филмски фестивал Фантаспорто во португалскиот град Порто...

Филмот „Кајмак“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски денеска ќе има европска фестивалска премиера на 43. издание на Меѓународниот филмски фестивал Фантаспорто во португалскиот град Порто.
Манчевски досега три пати беше лауреат на Фантаспорто – во 2020 година кога со „Врба“ ја освои наградата „Мануел де Оливеира“ за најдобар филм во програмата „Недела на режисерите“, во 2017 со „Бикини Мун“ ја освои Специјалната награда на жирито во истата програма „Недела на режисерите“, а во 2016-та ја доби Наградата за кариера, при што беше организирана и ретроспектива на неговите филмови во Порто.
Утре, пак, „Кајмак“ ќе биде емитуван на 51. Издание на еден од најважните филмски настани во регионов, ФЕСТ во Белград, каде се предвидени уште две проекции – утре и в сабота.
