Ракомет

Ракометарките на Македонија загубија со минимален пораз во Турција

02.03.2023 18:53

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз од Турција (24-25) на првиот од двата контролни натпревари кои ќе се играат во Анкара...

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз од Турција (24-25) на првиот од двата контролни натпревари кои ќе се играат во Анкара.

Нашиот национален тим ја искористи ЕХФ-неделата за две подготвителни средби. На првиот дуел, Македонија на полувремето имаше негатива од два гола (11-13), а потоа, во вториот дел, домаќинот беше подобар за еден гол.

Вториот контролен дуел против Турција, избраничките на Љубомир Савевски ќе го одиграат на 4 март, исто така во Анкара. Овие дуели се подготовка за баражот за СП 2023 против селекцијата на Украина.