Јајцата како хранлива намирница и важен извор на протеини
Постојат одредени нутритиенти во жолчката коишто нема да ги внесете ако јадете само белка. Сите витамини растворливи во мастите се во жолчката, па ако ја избегнувате, можеби го намалувате вносот на мастите...

Ги сакате јајцата, но не знаете колку јајца дневно би смееле да јадете, некои луѓе пак ги избегнуваат жолчките и мислат дека со тоа прават добро нешто за своето здравје, а тоа и не е сосема вистина.
Постојат одредени нутритиенти во жолчката коишто нема да ги внесете ако јадете само белка. Сите витамини растворливи во мастите се во жолчката, па ако ја избегнувате, можеби го намалувате вносот на мастите, но истовремено си ускратувате и многу важни нутритиенти.
Заклучокот е дека дозволениот внес на јајца зависи од целокупната ваша исхрана. Едно поголемо јајце содржи околу 80 калории, пет грама масти и шест грама протеини. Според тоа, ако веќе внесувате доволно протеини и масти од други намирници, омлетот од неколку јајца со сирење секако не е добра идеја. Од друга страна пак, ако стоите послабо со протеините, слободно додадете уште неколку јајца во исхраната.
Јајцата се многу хранлива намирница и важен извор на протеини и антиоксиданти. Идеални се за секој кој сака да го зголеми внесот на протеини или да започне диета за да ги изгуби вишокот килограми.
Сепак, со години се водат дебати за потенцијалното влијание на јајцата врз здравјето на срцето, со оглед на процентот на холестерол во нив.
Бидејќи холестеролот се наоѓа исклучиво во жолчката, белката можете да ја јадете без никакви грижи и ограничувања.
