МВР
Приведени три лица од Скопје поради мачење на коњ
02.03.2023 19:59
Денеска, од страна на полициски службеници од МВР Гази Баба, лишени се од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 233 од КЗ (мачење на животни)...

Денеска на улица „Благоја Стефковски“ во Скопје, од страна на полициски службеници од МВР Гази Баба лишени се од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 233 од КЗ (мачење на животни) сторено на 01.03.2023 околу 13:00 часот на ул. „Коце Металец“ во Скопје, при што измачувале коњ.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
