Лигата на шампиони во полн сјај
Лигата на шампиони- моќна,инспиративна...! Фудбалски раскошна е уште во оваа рана фаза на групното чистилиште. Како ли ќе биде на пролет кога клубовите ќе истрчуваат еден на еден, гради в гради!

Лигата на шампиони- моќна,инспиративна...! Фудбалски раскошна е уште во оваа рана фаза на групното чистилиште. Како ли ќе биде на пролет кога клубовите ќе истрчуваат еден на еден, гради в гради!
Импресивно гол - шоу е сугестивната слика, која зад себе ја оставаат протагонистите на синоќешните осум пресметки. Стрелците погодија дури 36 пати, повеќе од 4 гола во просек по натпревар!Фантастична битка за да се презими во Европа!Осум такви желби се исполнети, пред да се доигра завршното коло. Главно великаните се веќе со првата исполнета цел:Манчестер јунајтед, Реал Мадрид,Пари Сен Жермен, Баерн Минхен, Манчестер сити,Челзи, Атлетико Мадрид и Барселона.
Актуелниот сопственик на титулата, Баерн од Минхен е најсугестивниот состав досега, единствениот тим со стопроцентна успешност во групата. И со рекордот од десет победнички радости едноподруго во Лигата на шампионите, кои Баварците го соборија во Москва против ЦСКА, надминувајќи го дострелот на Барселона.
Во магичната фудбалска претстава зад нас, играта на Манчестер јунајтед беше со најсилен блесок. Досега главно безбојни, контроверзни и во Премиер лигата и во Лигата на шампионите, во Леверкузен „црвените ѓаволи“ со пет гола во мрежата на Баер потсетија што може да го снајде секој нивен противник. Од сопственото сивило се крена и Милан против Селтик во Глазгов на еден од најтешките фудбалски полигони за освојување. Ајакс во Амстердам Арената потсети на славното минато, против без Меси неуверливата Барселона!
По две недели следи епилогот! Битките за преостанатите осум места во 1/8 финалето! На Сан Сиро, Милан и Ајакс ќе влезат во новата пресметка по која само еден од некогашните великани ќе остане во игра. На две точки на брегот на Средоземјето ќе се решава редоследот на „Ф“ групата. Во Неапол, Наполи ќе влезе во речиси невозможна мисија да го победи Арсенал со 3 гола разлика, наслушнувајќи истовремено дали отпишаниот Олимпик во Марсеј ќе може да ја изненади Борусија Дортмунд. На десетти и единаесетти декември ќе играат за себе, но и ќе се надеваат и на среќната ѕвезда и Шахтјор и Леверкузен, Јувентус и Галатасарај, Олимпијакос и Бенфика, Порто и Зенит.
„А“ група
1.Манчестер Ј 11
2.Шахтјор 8
3.Баер Лев 7
4.Р. Сосиедад 1
Последно коло:
Манчестер Ј - Шахтјор
Р.Сосиедад - Баер Лев.
***
„Б“ група
1.Реал Мадрид 13
2.Јувентус 6
3.Галатасарај 4
4.Копенхаген 4
Последно коло:
Галатасарај - Јувентус
Копенхаген- Реал Мадрид
***
„Ц“ група
1.ПСЖ 13
2.Олимпијакос 7
3. Бенфика 7
4.Андерлехт 1
Последно коло:
Бенфика - ПСЖ
Олимпијакос - Андерлехт
***
„Д“ група
1. Баерн Минхен 15
2.Манчестер С. 12
3.ЦСКА 3
4.Плзењ 0
Последно коло:
Баерн Минхен - Манчестер.С
Плзењ - ЦСКА
***
„Е“ група
1.Челси 9
2.Базел 8
3.Шалке 7
4.Стеауа 1
Последно коло:
Шалке – Базел
Челси - Стеауа
***
„Ф“ група
1.Арсенал 12
2.Борусија Д. 9
3.Наполи 9
4.Марсеј 0
Последно коло:
Наполи - Арсенал
Марсеј - Борусија Д.
***
„Г“ група
1.Атлетико Мадрид 13
2.Зенит 6
3.Порто 5
4.Аустрија Виена 2
Последно коло:
Атлетико М.- Порто
Аустрија В.- Зенит
***
„Х“ група
1.Барселона 10
2.Милан 8
3.Ајакс 7
4.Селтик 3
Последно коло:
Барселона - Селтик
Милан – Ајакс
Златко Калински