Познати прашањата за екстерното тестирање, средношколците се подготвуваат

06.05.2014 13:09

Прашањата за екстерното тестирање се познати.

Знаењето на основците и средношколците  ќе се проверува  преку  425.800 прашања. Дел од средношколците прашањата веќе ги симнале од интернет.

„Релативно лесни се, не се многу тешки...Има и тешки, но ќе се потрудиме да научиме...Има и потешки преашања, но се надевам дека професорите ќе ни помогнат да ги одговориме“, велат анкетираните средншколци.

Возбудата од екстерното тестирање е најголема кај  учениците  од четврто одделение. Тие   годинава за  прв пат ќе бидат тестирани. Првиот училишен час денес го поминале  во разговори околу понудените прашања.

„По англиски ги прочитав сите прашања, по општество ги прочитав сите, по природо 100 прашања и по македонски сите...Се обидував да отворам, но страната беше блокирана... Јас мислам дека за мене ќе бидат лесни“, велат анкетираните основци.

Позвавањето на прашањата е психичко олеснување за учениците, сметаат социолозите.

„Знаењето на прашањата и од прилика какви прашања ќе паднат на екстерното мислам дека добро, позитивно влијаа врз самото расположение на учениците“, рече Љубе Лучков, социолог.

Министерството за образование, по втор пат  го спроведува  екстерно тестирање. Целта  е контрола на знаењето на  учениците, но и правилното оценување на професорите.

Дијана Иванова