Тенис

Лина Ѓорческа во четвртфинале

02.03.2023 20:19

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на турнирот од серијата W40, кој се игра во главниот град на Казахстан, Астана...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на турнирот од серијата W40, кој се игра во главниот град на Казахстан, Астана.

Младата тетовчанка успеа да слави во мечот против Русинката Ирина Шиманович која е на 228. место на ВТА листата со 2-0 (7-5, 6-1). Ѓорческа го доби мечот во три сетови, првиот беше најинтересен и неизвесен, но сепак, македонката успеа да го освои со 7-5, додека во вториот доминираше руската тенисерка и го доби со убедливи 6-1.

Сепак, третиот сет беше убедливо на страната на Лина, која не дозволи противничката да направи ниту еден брејк и со резултат 6-2 успеа да победи и да се пласира во четвртфиналето.