Временска прогноза

Облачно со повремени врнежи од дожд

03.03.2023 08:34

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со попладневни врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 14 степени.