Скопје
Премиерот Ковачевски во посета на објектот на детската градинка „Пролет“
03.03.2023 08:50
Премиерот Димитар Ковачевски заедно со Горан Герасимовски, градоначалник на општина Центар ќе го посетат објектот на детската градинка „Пролет“ во општина Центар која е во фаза на изградба.

Денеска во 10:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со Горан Герасимовски, градоначалник на општина Центар ќе го посетат објектот на детската градинка „Пролет“ во општина Центар која е во фаза на изградба.
По завршувањето на обиколката предвидени се изјави за медиуми.
