Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ бара поскап леб за народот и ги брани профитерите

03.03.2023 09:21

Тие сметаат дека цената на лебот не треба да биде замрзната на 33 денари и дека е оправдано некој да профитира на грбот на народот. Наместо да застанат зад интересите на граѓаните, во време на глобална криза, ВМРО-ДПМНЕ под заложништво на Левица застанаа зад профитерите- велат од партијата.

Срамно, ВМРО-ДПМНЕ застана во одбрана на профитерите, против заштита на стандардот на граѓаните и јавно бара поскап леб за граѓаните. Според јавните изјави, ВМРО ДПМНЕ смета дека граѓаните треба да плаќаат поскап леб, дека цената на лебот не треба да биде замрзната, соопштуваат од СДСМ.

Тие сметаат  дека цената на лебот не треба да биде замрзната на 33 денари и дека е оправдано некој да профитира на грбот на народот. Наместо да застанат зад интересите на граѓаните, во време на глобална криза, ВМРО-ДПМНЕ под заложништво на Левица застанаа зад профитерите- велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ уште една покажа дека е истата онаа партија којашто 11 години ги осиромашуваше граѓаните, додека поединци се богатеа на сметка на народот, стои во соопштението.