Македонија

Пекарите на прес- конференција ќе го соопштат ставот по одлуката на Владата

03.03.2023 09:48

Денеска во Стопанската комора ќе има прес-конференција на која ќе го соопштиме ставот, велат претставници од пекарската индустрија. Вчера пекарите рекоа дека останува во сила нивната одлука од понеделникот, да не испорачуваат бел и полубел леб во продавниците.

Во текот на денов се очекува да биде соопштен ставот на пекарите по синоќешната Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб се обвзуваат да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството во декември 2022 година.

Одлуката меѓу другото предвидува и обврска за трговците на мало кои продаваат леб во структурата на дневната набавка на сите видови леб да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена.

Денеска во Стопанската комора ќе има прес-конференција на која ќе го соопштиме ставот, велат претставници од пекарската индустрија. Вчера пекарите рекоа дека останува во сила нивната одлука од понеделникот, да не испорачуваат бел и полубел леб во продавниците.

Владата во вторникот ја донесе Одлуката да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб до 450 грама на 33 денари. Причината за оваа мерка е неисполнувањето на договореното од страна на компаниите по испораката на субвенционираната струја.