Култура

Десет романи во трка за наградата „Роман на годината“

03.03.2023 09:54

На годинашниот конкурс пристигнаа дури 35 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 19 наслови, а сега списокот го стесни на девет романи...

Жири- комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022-ра година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вреднисти „Славко Јаневски“, во состав: Симона Јованоска (минатогодишен лауреатка и претседателка на Комисијата), Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра десет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.

На годинашниот конкурс пристигнаа дури 35 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 19 наслови. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15-ти март.

Наградата „Роман на годината“ годинава ќе се врачи по 24 пат.

Втора селекција на жирито за наградата на „Роман на годината“ за 2022: 
 
1. „Водни тела“, Ана Аврамовска, „Паблишер“
 
2. „Папокот на светлината“, Венко Андоновски, „Три“ 
 
3. „Писмо за Глорија“, Живко Грозданоски, „Или Или“
 
4. „Анатрос“, Хари Кацановски, „Арс Либрис“
 
5. „Времето пред приказната“, Митко Маџунков, „Три“
 
6. „Нема шума без волци“, Велко Неделковски, „Пагома Прес“
 
7. „Столб што пее“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
 
8. „Синовите на Адам“, Михајло Свидерски, „Восток“
 
9. „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, Влада Урошевиќ, „Арс Либрис“
 
10. „Естом“, Николина Андова Шопова, „Или Или“