САД
Блинкен: Русија мора да биде казнета за војната
03.03.2023 10:21
На Русија не смее да ѝ се дозволи да води војна неказнето, изјави американскиот државен секретар Блинкен по средбата со неговите колеги од Индија, Јапонија и Австралија во Њу Делхи...

На Русија не смее да ѝ се дозволи да води војна неказнето, изјави американскиот државен секретар Блинкен по средбата со неговите колеги од Индија, Јапонија и Австралија во Њу Делхи.
Се вели дека употребата или заканата за употреба на нуклеарно оружје во Украина е „недозволива“. Минатиот месец, рускиот претседател Путин го суспендираше договорот за контрола на нуклеарното оружје и се закани дека ќе ги продолжи нуклеарните тестови.
