Андонов: Со поддршка на УСАИД градиме енергетска иднина на земјава
Соработникот за енергетика, Виктор Андонов учествуваше на тркалезна маса во организација на УСАИД на тема „Инвестиции во развивање на енергетски средства – инвестиции во енергија“ на којашто се дискутираше за инвестицискиот проект на УСАИД...

Соработникот за енергетика, Виктор Андонов учествуваше на тркалезна маса во организација на УСАИД на тема „Инвестиции во развивање на енергетски средства – инвестиции во енергија“ на којашто се дискутираше за инвестицискиот проект на УСАИД.
Андонов зборуваше дека Европската Унија донесе План „RePowerEU“ со кој се испратија јасни сигнали дека единствена опција за градење на одржлива економија е енергетска транзиција и зголемено инвестирање во обновливи извори на енергија, како и зголемено инвестирање во енергетска ефикасност.
Андонов рече дека проектот на УСАИД за развој на инвестиции во енергетски проекти доаѓа во вистинскиот момент за нашата држава и дека ќе овозможи клучна поддршка со цел обезбедување на нашата енергетска сигурност, како и поддршка за македонската енергетска транзиција и градење на одржлив енергетски сектор и додаде дека УСАИД и во минатото, а и сега се покажа како еден од нашите најголеми партнери во спроведување на енергетската стратегија која ќе овозможи економски напредок за државата и граѓаните.
