Струмица

Во Струмица се одржа регионална школа за безбедност

03.03.2023 11:05

Зајакнување на регионалната соработка е предуслов за поголема урбана безбедност. Ова е заклучокот од регионалната школа за безбедност што се одржа во Струмица во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир. Учесниците порачаа општините и државата да го унапредуваат системот за заштита и спасување со ажурирање на можните ризици и опасности од секакви катастрофи...

Општините да изработат стратегии за урбана безбедност и да ги ажурираат можните ризици и опасности од природни непогоди. Да се изработи стратегија за развој на противпожарните единици но и да се изврши трансформација на системот за заштита и спасување. Ова се дел од заклучоците од одржаната регионална школа за безбедност во Струмица организирана од Институтот за безбедност и одбрана и мир при Филозофскиот факултет на УКИМ.

Без регионална соработка државите нема да можат да се справат со безбедносните предизвици во време со воена агресија. Земјите од Западен Балкан мора да соработуваат во вакви услови.

Регионалната школа за безбедност што се одржа во Струмица беше со поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер од Германија и Вилфред Мартенц-Центарот за европски студии од Брисел.

 

Ване Трајков