Театарот за деца и младинци целосно ќе се реновира

06.05.2014 13:38

Театарот за деца и младинци ќе биде реновиран и проширен.

Реконструкцијата треба да почне во септември следната година.

„Театарот за деца и младинци заслужува да добие реконструкција и на салата и на сцената. Сметаме дека е тоа доста значајно бидејќи  оваа е единствена институција која има едукативна мисија на младата популација со содржините во својот репертоар. Затоа во програмата го ставивме овој проект и веднаш ќе пристапиме кон негова реализација“, изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

„По една ваква одлука, сигурен сум дека еден ден ќе дочекаме и нов објект со кој ќе се гордее и целата држава“, истакна директорот на Театарот за деца и младинци, Драган Довлев.

Ова е една од најнаградуваните институции со 36 признанија на мегународно ниво и девет гран при остварувања за најдобра претстава.