мвр

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

03.03.2023 12:15

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(19) од Куманово...

Вчера во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(19) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.