Пожар зафати облакодер на градилиште во Хонконг

03.03.2023 12:18

Пожарот избувнал на местото на проектот за обнова на Клубот на морнари во густо населена област. Повеќе катови од конструкцијата беа во пламен...

Голем пожар зафати облакодер на градилиште во популарна шопинг област во Хонконг. Пожарот избувнал на местото на проектот за обнова на Клубот на морнари во густо населена област. Повеќе катови од конструкцијата беа во пламен.

Полицијата соопшти дека опожарени се и четири соседни згради, но пожарот бргу бил локализиран. Жителите на станбена зграда близу до местото на настанот мораа да се евакуираат.

Нема информации за евентуални жртви или повредени. Локалитетот е опкружен со трговски центар, неколку хотели и некои станбени и деловни објекти.