Ковачевски: Владата нема да дозволи никој да прави екстра профит на грбот на граѓаните
Според премиерот, Владата не налага никому ништо, туку носи одлуки базирани на прецизни калкулации, а законите во државата мора да се почитуваат. Сите треба да бидат солидарни во вакви услови на криза.

Владата нема да дозволи никој да прави екстра профит на грбот на граѓаните, изјави денеска премиерот Ковачевски денеска, во врска со Одлуката за замрзнување на цената на лебот. Според премиерот, Владата не налага никому ништо, туку носи одлуки базирани на прецизни калкулации, а законите во државата мора да се почитуваат. Сите треба да бидат солидарни во вакви услови на криза.
Нема да дозволам некој да прави екстра профит на грбот на граѓаните. Не држи објаснувањето дека мала пекарница може да произведе поевтин леб од голема пекарница. Компаниите кои во моментов не сакаат да произведуваат ваков тип леб се тие што го добија најголемиот дел од субвенциите за електрична енергија што никаде не можете да најдете на пазарот во време на криза. Тие треба да покажат одговорност, да го испорачаат она за што исто така за оваа цена имаат маржа, зашто калкулацијата беше правена од пекарската индустрија, изјави премиерот Ковачевски.
Ковачевски најави дека во блиска иднина е можно да се замрзнат цените и на некои други прехранбени производи, за што калкулациите веќе се прават.
