Иран лесно би ги нападнал американските носачи на авиони

06.05.2014 13:44

Ако почне војна со САД, Иран веднаш ќе ги нападне американските носачи на авиони во Персискиот залив.

Иранската револуционерна гарда објави дека веќе спровела симулација и дека метата е лесна. Заканата е спротивна на актуелната политика на умерениот претседател Хасан Рохани.