Ковачевски на состанок со МОН и МВР за дојавите за бомби
Ова е со цел, вели Ковачевски да се овозможи редовна и непречена настава за учениците.

Премиерот Ковачевски на средба со министрите за образование и внатрешни работи ќе разговара за какви дополнителни мерки да се преземат во врска со дојавите за поставени бомби во училиштата за неутрализирање на проблемот. Ова е со цел, вели Ковачевски да се овозможи редовна и непречена настава за учениците.
„Денеска ќе имаме состанок со раководствата на министерствата за внатрешни работи и за образование, на кој ќе разговараме во однос на носење дополнителни мерки и за целосно неутрализирање на овој проблем со кој се соочува Северна Македонија, но и други држави, со цел да овозможиме редовна и непречена настава за учениците“, изјави Ковачевски.
Премиерот повтори дека станува збор за хибридни напади кои се дел од војната што се води во Украина.
