Одбележување на меѓународниот ден на живиот свет

Потребна е законска регулатива за да се санкционираат нелегалните продавачи на животни

03.03.2023 14:21

Во земјава е потребна законска регулатива која ќе ги постави правилата и според која ќе се санкционираат нелегалните продавачи на животни. На меѓународниот ден, еколози, професори и евроамбасадорот во земјава, Гир, потсетија на богатата флора и фауна во Македонија. Предупредија за видовите кои се во ризик да исчезнат…

Нелегална продажба на животни, несанкционирање на сторителите, недоволна грижа за флората и фауната. Ова генерално се забелешките за државата кои беа потенцирани на одбележувањето на Светскиот ден на живиот свет.

Ниту некој ги бара, ниту им води контрола на оние кои користат простор да изнесат животни за различни цели од државата. Министерката за животна средина, Каја Шукова вели дека недостига закон.

Овогодишното мото на одбележувањето на овој ден е „Партнерства за зачувување на дивиот свет“ и има за цел да го потенцира виталното значење на партнерствата на национално и локално ниво и вклучување и соработка на сите засегнати страни за да се обезбеди одржливоста и зачувувањето на дивиот свет.

Катерина Топалова