Пекарите ќе ја почитуваат владината одлука, но правдата ќе ја бараат на суд
Лебот со ограничена цена од 33 денари од утре ќе го има на рафтовите во продавниците. Пекарите ќе ја почитуваат владината одлука со која се обврзуваат на производство и продажба на бел и полубел леб, но најавија дека правдата ќе ја бараат пред судовите. Премиерот Ковачевски од нив побара да покажат одговорност. Вели-нема да се дозволи екстра профит на грбот на граѓаните…

Пекарите се предомислија. Од утре ќе испорачаат бел и полубел леб по цена до 33 денари. Пекарската индустрија го прекинува штрајкот, но правдата за претрпените загуби од над милион евра, ќе ја бараат на суд.
Претседателот на групацијата Горан Малишиќ најави тужба, бидејќи како што рече, владината мерка е неуставна и незаконска. Најави дека компаниите се принудени да отпуштаат вработени и да го намалат производството на некои видови леб.
Нема да дозволам на грбот на граѓаните да се прави екстра профит во време на најголема криза. Премиерот Ковачевски разочаран од одлуката на дел од производителите да продаваат леб и по цена од 50 денари. Најави дека се прават анализи за можно замрзнување на цените и на други основни продукти.
Во вторникот со владина одлука цената на белиот и полубелиот чинат до 33 денари. Се укина и субвенционираната струја за производителите на основни прехранбени продукти. Голем дел од компаниите донесоа одлука да не ја почитуваа одлуката и да не испорачуваат леб.
Викторија Милевска
