Не е потребна лидерска средба, согласни Ковачевски и Мицкоски
Нема да има предвремени избори, а не е потребна ниту лидерска средба, вели премиерот Ковачевски. Со него се согласува и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Вели, лидерска не е потребна, бидејќи ставот на ВМРО-ДПМНЕ е веќе познат – нема поддршка за уставните измени...

Ковачевски не планира лидерска со Мицкоски за уставните измени. Премиерот се согласува дека тие треба да се донесат со политички консензус, но не прецизира кога ќе почне процедурата за измените на Уставот.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврди - уставните измени не се на дневен ред. Според Мицкоски, лидерската нема да донесе ништо ново во партиските ставови. Предлага - предвремени избори, без пржинска влада.
„Ако било која партија оцени, врз основа на својата програмска определба и визија да биде дел од оваа Влада, тогаш вратата е отворена“, рече Ковачевски, отфрлајќи ги предвремените избори.
За надминување на проблемите со дојавите за бомби, Владата подготвува нови мерки, кои треба да обезбедат сигурност дека станува збор за лажни дојави на бомби, за децата да може да посетуваат настава.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека владата се однесува аматерски и не приоѓа сериозно на проблемот.
Власта и опозицијата остануваат на дијаметрално спротивни позиции за образовниот процес. Според Мицкоски станува збор за епска неспособност поради, како што рече, определени коалициски гимнастики.
Игор Панов
