МВР и МОН усогласија мерки и упатства за јакнење на безбедноста на училиштата
МВР и МОН усогласија мерки и упатства за јакнење на безбедноста на училиштата и непречено одвивање на наставата. Во Владата средба на премиерот Ковачевски со министрите за внатрешни работи и образование и директорот за јавна безбедност...

Во Владата средба на премиерот Ковачевски со министрите за внатрешни работи и образование и директорот за јавна безбедност. По зачестените лажни дојави за бомби во училиштата, било презентирано новото упатство за постапките и мерките што ги презема МВР по добиена информација за терористички загрозувања и по основ на упатството, разработен е план за мерки и активности за спроведување.
На упатството кое МВР го има разработено, се работи и на упатство со мерки од страна МОН до сите директори на училиштата, кои ќе имаат обврска да го применат со цел јакнење на безбедноста на учениците и наставниот кадар и непречено одвивање на наставниот процес.
Мерките ќе бидат детално образложени на директорите на училиштата во следните неколку денови а благовремено ќе бидат известени и родителите како и јавноста – пишува во владиното соопштение. МВР појаснуваат, Владата обезбедува и постојани полициски патроли за обезбедување на училиштата.
