38 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

03.03.2023 17:09

При контролата санкционирани се 38 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, а 13 возила биле упатени на вонреден технички преглед...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.

При контролата санкционирани се 38 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, а 13 возила биле упатени на вонреден технички преглед. Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитувааат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме за зголемување на безбедноста на децата и на сите нас, стои во соопштението од МВР.