Посета на ученици од СОУ гимназија „Кочо Рацин“ од Велес во рамки на Отворен кабинет
Учениците за време на престојот во претседателскиот кабинет се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, како и за претседателските надлежности и активности...

Ученици од СОУ гимназија „Кочо Рацин“ од Велес, денеска го посетија Кабинетот на претседателот во рамки на активноста Отворен кабинет.
Учениците за време на престојот во претседателскиот кабинет се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, како и за претседателските надлежности и активности. Тие ги разгледаа и просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, како и салите каде се одржуваат свечености, настани, прес-конференции, седници на Советот за безбедност, предавање на акредитивни писма од странски амбасадори.
Посетителите од велешката гимназија беа запознати со историјатот на објектот каде што е сместен кабинетот на претседателот, како и за начинот на функционирање на институцијата, а го разгледаа и импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“ на еден од најзначајните македонски уметници Глигор Чемерски, поставен на двата ѕида во мозаик салата.
„Отворен кабинет“ е дел од проектот Лице в лице со претседателот, во чии рамки досега кабинетот на претседателот го посетиле граѓани од различни возрасти, професии и занимања, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта, стои во соопштението од Влада.
