Албанија

Антивладини протести во Тирана

03.03.2023 17:59

Илјадници приврзаници на албанската опозиција повторно протестираа во Тирана, бараат оставка од премиерот Еди Рама. Демонстрантите се собраа пред главната зграда на Владата...

Илјадници приврзаници на албанската опозиција повторно протестираа во Тирана, бараат оставка од премиерот Еди Рама. Демонстрантите се собраа пред главната зграда на Владата.

На протестот се обратија Сали Бериша, поранешен претседател и премиер кој ја предводи централно-десничарската Демократска партија и поранешниот претседател Илир Мета, лидер на левичарската Партија на слободата.

Опозицијата го обвинува премиерот Еди Рама и неговиот кабинет за наводна корупција, поврзаност со организираниот криминал и лоша економска политика.