Семејството Демири сè уште ги чека резултатите по тестирањето на туберкулоза
Семејството на осуммесечното бебе кое во тешка општа состојба е примено на Клиниката, не е материјално необезбедено и не е корисник на ниту едно право...

Семејството на осуммесечното бебе кое во тешка општа состојба е примено на Клиниката, не е материјално необезбедено и не е корисник на ниту едно право, информира кумановскиот Центар за социјални работи. Појаснуваат дека таткото е вработен, но работи и прекувремено, мајката е корисник на додаток за трето дете.
Од извршениот увид во домот е констатирано дека живеат во целосно опремена куќа со високо запазени хигиенски услови. И од училиштето посочуваат дека немаат индиции за занемарување на двете деца, кои се редовни ученици. Во моментот не посетуваат училиште, а за нив се грижи таткото кој е на одмор.
Тие се во добра здравствена состојба, но по констатирањето на туберкулоза кај сопругата и бебето, направиле тестирања, и сè уште ги чекаат резултатите. Центарот продолжува да ја следи состојбата и да овозможи поддршка на семејството, кое по направената виктимизација има проблем да се интегрира во средината.
