Атлетика
Дрита Ислами 25-та на 400 метри
03.03.2023 19:49
Дрита трчаше во првата квалификациска група и оствари резултат од 55.86 секунди, нејзиниот и национален рекорд изнесува 55.84 секунди...

Дрита Ислами, утрово настапи во квалификациите на 400 метри на Европското првенство во атлетика во сала во Истанбул (Турција) и за 0.03 делови од секундата, не успеа да го собори македонскиот рекорд во сала, која токму Дрита го постави пред неколку недели.
Дрита трчаше во првата квалификациска група и оствари резултат од 55.86 секунди, нејзиниот и национален рекорд изнесува 55.84 секунди.
Од вкупно 27 атлетичарки Дрита го зазеде 25 место во квалификациите. Најбрза беше Ана Киебашинска (Полска) со резултат од 51.77 секунди.
*Фото: Фејсбук/ Дрита Ислами
