Ракомет

Еурофарм Пелистер и Ларс Валтер спогодбено се разделија

03.03.2023 20:40

Еурофарм Пелистер остана без првиот стратег Ларс Валтер, откако клубот и Данецот одлучија спогодбено да ја прекинат соработката...

Еурофарм Пелистер остана без првиот стратег Ларс Валтер, откако клубот и Данецот одлучија спогодбено да ја прекинат соработката.

Ваквиот потег беше очекуван откако битолскиот тим не успеја да ја мине групната фаза и доживеа елиминација во Европската лига. Еурофарм Пелистер во официјалното соопштение му се заблагодари на Валтер, кој прифати предвреме да го раскине договорот кој беше до важност до јуни 2024 година.