Нуркач го загуби животот кај јужнокорејскиот брег

06.05.2014 14:00

Потонатиот траект близу до јужнокорејскиот брег однесе уште една жртва.

Нуркач ја загубил комуникацијата 25 метри под водата. Кога дошле да го спасат колегите, веќе ја изгубил свеста и не одговарал на напорите да го оживеат. Продолжува потрагата по телата на уште 40 исчезнати.