Велес

Стрип уметноста ги спои авторите од пет држави, во Велес беше завршната свеченост

04.03.2023 08:12

Во Велес се одржа завршната мултимедијална патувачка стрип изложба, која тргна од Брашов, ги посети Брисел и Тирана. Меѓу другите содржини италијанскиот амбасадор ја промовираше неговата книга за стрипот и стрип хероите...

Стрип уметноста ги поврза цртачите од пет држави, Белгија, Романија, Србија, Албанија и Македонија, кои во Велес ја имаа завршната презентација на нивите трудови. Мултимедијалната патувачка изложба тргна од Брашов, ги посети Брисел И Тирана за завршниот настан да биде во Велес. На оригинален и уникатен начин, ретко досега виден, беше презентиран стрипот како уметност.

Во Македонија за жал авторите малку творат на темата на која се работеше, историските стрип херои. Во рамките на повеќето стрип содржини одржани во Велес, италијанскиот амбасадор во Скопје Андреа Силвестри ја промовираше неговата книга „Стрипот и моќта“, „Хероите како геополитичка алатка“.

Изложбата, финансирана од ЕУ, е резултат од повеќегодишните истражувања за историскиот стрип на Балканот. На неа изложени беа најрепрезентативните историски стрипови на романски, српски, албански и македонски автори.

 

Петар Печков