МВР

Приведени двајца разбојници од Скопје, следува кривична пријава

04.03.2023 09:44

По преземени мерки и активности, полициски службеници од полициската станица Гази Баба, расчистија кривично дело разбојништво...

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, расчистија кривично дело разбојништво случено на 26.02.2023 во с. Петровец, скопско. Имено, по преземени мерки било констатирано дека Б.Б.(67) од с. Петровец и М.И.(31) од Скопје на 26.02.2023 во с. Петровец физички нападнале двајца малолетници и им одзеле мобилен телефон.

Со нив бил извршен службен разговор, при што го признале делото. Исто така, бил пронајден и телефонот и бил вратен на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.