Штип

Општините од источниот регион ги дигитализираат услугите

04.03.2023 10:42

Општините од источниот регион работат на дигитализација на општинските услуги. Општина Штип ја промовираше платформата која на граѓаните и компаниите им овозможува онлајн пристап до потребните документи и пријава на комунални проблеми. За еден месец сите единаесет општини од истокот ќе имаат дигитализирани услуги...

Следење на процесот на легализација на дивоградбите, барање за урбанистички изводи и катастарски потврди, потврди за промена на адреса или барање за инспекциска постапка. Ова се дел од услугите кои Општина Штип ги дигитализираше и за кои веќе не мора да се оди на шалтер. Ќе се зголеми ефикасноста на администрацијата и транспарентноста на општината, смета градоначалникот.

Сите единаесет општини на истокот се во фаза на дигитализација на услугите, преку проект на Центарот за развој на источен плански регион.

Дигитализацијата ќе го олесни пристапот на околу 200 илјади граѓани и компании од регионот до општинските услуги и ќе ја зголеми меѓуопштинската соработка.

 

Славица Величковска