Немирите по железничката несреќа во Грција растат
Во Грција расте гневот кон осомничените дека се одговорни за тешката железничка несреќа кај Лариса, немири имаше во Атина и во други места. Демонстрантите со качулки фрлаа петарди и камења на полицијата, која употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера демонстрантите...

Во Грција расте гневот кон осомничените дека се одговорни за тешката железничка несреќа кај Лариса, немири имаше во Атина и во други места. Демонстрантите со качулки фрлаа петарди и камења на полицијата, која употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера демонстрантите.
Вработените во грчката железница во петокот втор ден по ред стапија во 24-часовен штрајк, во знак на протест за пропадната и дотраена железница во земјата. Несреќата се случи кога патнички воз, ја сменил пругата и се префрлил на пруга која ја користел товарен воз кој доаѓал од спротивна насока, по несреќата, беше откриено дека европскиот систем за контрола на возови, сигнален систем кој го запира возот кога се заканува опасност, не работел.
Одговорниот шеф на станицата, призна вина и е обвинет за убиство од небрежност. На 59-годишникот му се заканува доживотен затвор.
