Расте бројот на „Огнените“ во ДУИ
Несогласувањето со партиската одлука Алијанса за Албанците да влезе во Владата, причината Роланда Превала-Кадриу да ја напушти партијата и да се придружи на „Огнените“ од ДУИ, ова го обелодени пратеникот Изет Меџити и еден од најекспонираните членови на групата...

Несогласувањето со партиската одлука Алијанса за Албанците да влезе во Владата, причината Роланда Превала-Кадриу да ја напушти партијата и да се придружи на „Огнените“ од ДУИ, ова го обелодени пратеникот Изет Меџити и еден од најекспонираните членови на групата.
Кадриу беше член на централното собрание на Алијанса за Албанците, но не е пратеничка. „Огнената група“ веќе подолг период бара смена на првиот вицепремиер Артан Груби, но и на други функционери на ДУИ од партиските органи и од извршната власт, поради како што велат, нереализирање на партиската програма.
Според Меџити, проширувањето на Владата со Алијанса не го зајакнало мнозинството, туку целта била да се спаси Владата, нивните барања не беа поддржани од лидерот на ДУИ, Ахмети, што беше повод и едните и другите да почнат со интензивни средби со членството и симпатизерите на интегративците.
