Во продавниците повторно бел и полубел леб од 33 денари
Пекарите од денеска испорачуваат бел и полубел леб од 33 денари, но не се откажуваат од тужбата за државата...

Полиците во маркетите и во продавниците се наполнија со леб, има и бел и полубел од 450 грама, но по замрзната цена од 33 денари. Од пекарската индустрија попуштија, но сепак не се откажуваат од барањето загубите да ги наплатат преку судска постапка, откако Владата со одлука ги обврза да произведуваат најмалку 80 проценти во споредба со декември минатата година. Граѓаните, изминативе два дена спас бараа во малите локални пекари. и натаму се револтирани од настанатата криза.
Пазарната инспекција ги засили контролите на терен. Во изминатите два дена, проверени биле над 460 економски субјекти. Забележано е дека одлуката за замрзнување на цената на лебот генерално се почитува но има и такви кои ја прекршиле, за нив казните се од над 300 илјади денари.
Казните изнесуваат од 800 до 10.000 евра во зависност од големината и видот на економскиот оператор. Во ресорот економија се прават анализи, се најавуваат и нови мерки за полесно справување со економската криза.
Ана Јосифовска Тодоровска
