Годишна програма од национален интерес на центарот за култура во Битола
Програма која содржи настани со која ќе се задоволат вкусовите од 7 до 77 години, сепак организациските брендови лежат во трите домашни интернационални фестивали на монодрамата, илинденски денови и музика од светот...

Преполнетите сали на минатонеделните концерти, посветени на нашите музички легенди Тоше Проевски и Пепи Бафтировски и синоќешниот настап на српскиот актер Иван Босиљчич со неговиот бенд, навестуваат дека годинешната програма од национален интерес на центарот за култура, над Битола носи уште една културна бура.
Програма која содржи настани со која ќе се задоволат вкусовите од 7 до 77 години, сепак организациските брендови лежат во трите домашни интернационални фестивали на монодрамата, илинденски денови и музика од светот. Како куќа домаќин, на интернационалниот фестивал „Интерфест“ и најпрестижниот „Браќа Манаки“ битолскиот центар, се воздигнува високо и станува меѓународно препознатлив. Битола е филмски град за тоа говори податокот дека нејзините киносали имаат најголема посетеност во земјава.
Директорката вели и годинава квалитетот ќе биде пред квантитетот, но сепак не испушти да каже дека мината година се одржани 543 настани со околу 105 илјади посетители.
Александра Максимовска
