ОН: Мора да ја намалиме смртноста на мајките

06.05.2014 14:08

Според најновите податоци на Обединетите нации, смртноста на мајките се намалила за 45 проценти во изминатиот четвртина век, но сепак лани при породување починале речиси 300 илјади жени.

„33 починати мајки во еден час е премногу. Мора да ги документираме сите случаи и заедно да одговориме на проблемот“, вели Тим Еванс, Светска Банка

Земји во кои е најдобро да се биде мајка се Финска, Норвешка и Шведска.

Мајчинството е најтешко во Сомалија, Конго, Мали и Нигер. Споредувани се фактори како здравството, смртноста на децата, образованието, примањата и политичкиот статус на жените.