Партиски ставови за цената на лебот
Нема да дозволиме профитерство порачаа социјал-демократите, дојдовме до тоа ниво да зборуваме за лебот, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ...

Не сопираат партиските обвинувања на власта и опозиција за цената на лебот. Владејачката СДСМ го повтори обвинувањето дека опозицијата застанала зад профитерите, додека тие со одлуката за цена на лебот од најмногу 33 денари ги заштитила граѓаните и нивниот стандард.
Од СДСМ посочуваат дека оваа цена е фер и во неа е вклучена и заработката на пекарниците имајќи ги предвид повластената цена на електричната енергија, цените на пченицата, на природниот гас и на горивата.
Опозицијата возвраќа, Владата треба да ги поддржи сите оние коишто го произведуваат овој основен производ, за да може граѓаните да плаќаат по најниска цена. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски тврди дека ова е само привремено решение, денеска за утре и не ќе може на долг рок да обезбеди цена прифатлива за граѓаните.
Иако пекарите најавија тужба за како што рекоа милионски суми загуба поради оваа мерка, Владата најави замрзнување на цените и на некои други основни продукти за граѓаните.
Фиљана Кока
