ОБСЕ

Македонија како посредник за спорови

04.03.2023 16:15

Дијалог и компромис наместо напнатост и конфликти, со одредувањето на Охрид за клучните преговори меѓу Белград и Приштина на 18 март, Македонија од објект станува субјект на мировните напори...

ЕУ, со изборот Охрид да биде местото каде што ќе се одржи следната рунда преговори меѓу Србија и Косово, испраќа порака до Белград и до Приштина дека секој спор може да се реши преку дијалог и компромис.

Ова е можност, Охрид градот, каде што се склучи рамковниот договор да се афирмира како град на мирот, а државата како медијатор. Никовски вели дека македонските политичари мора да бидат внимателни.

Доколку се формира заедница на српски општини на Косово, истото да не побарано побара и од нас,  преговорите ги води ЕУ која веќе на маса стави предлог за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Според директорката на Институтот за европска политика Симонида Кацарска, потребно е заемно прифатливо решение.

Македонија како актуелен претседавач со ОБСЕ за приоритет го истакна дијалогот, модалитет за решавање на конфликтите во Европа, како што се Украина, Косово и Србија, Молдавија.

 

Ирина Гелевска